1 ципура од 1 кг.
500 гр. домати
4 лажици ситно сечкан магдонос
2 листа ловор
50 гр. путер
маслиново масло
сол
бибер
Во сад за печење се става пергамент хартија и на неа се распоредува 2 лажици ситно сечкан магдонос. Се додава мелен црн бибер и еден ловоров лист.
Врз магдоносот се става исчистената и посолена риба па врз неа се реди доматот кој претходно е исечен на кругови и зачинет со 2 лажици магдонос, ловоров лист и маслиново масло. Се посолува и се наросува со мелен црн бибер. Врз целата содржина се распоредуваат тенки листови путер.
На крајот рибата се покрива со уште едно парче пергамент хартија и се става во загреана рерна на 200°С да се пече 45 минути.