4 главици кромид
1½ кг. свежи домати
1 зелена пиперка
1 црвена пиперка
2 лажици оригано
1 лажица сув или 4 лажици свеж босилек
150-200 мл. маслиново масло
½ лажица шеќер
сол
Излупете ги доматите и исечкајте ги на ситни коцки. Ставете ги во цедалка и малку посолете ги за да ја испуштат вишокот на течност.
Во тенџере на тивок оган ставете го маслото да се загрее па на него ставете ситно сечкан кромид да се пржи. Малку посолете. Потоа додадете ги пиперките кои исто така ситно сте ги исечкале. Промешајте.
Кога кромидот ќе омекне, во тенџерето додадете ги исцедените домати, ориганото и босилекот. Оставете го сосот да се крчка околу 30 минути и повремено промешајте.
Потоа додадете го шеќерот, повторно промешајте па посолете по вкус. Оставете го сосот да вари уште 5 минути на оган односно додека сосот ја добие посакуваната густина.