350 гр. мелени бисквити
100 гр. путер
225 гр. крем сирење
240 мл. слатка павлака
60 мл. млеко
150 мл. сок од јаболка
125 гр. боровинки
125 гр. капини
75 гр. шеќер
70 гр. шеќер во прав
1 лажичка желатин
1 лажичка екстракт од ванила
Ставете ги мелените бисквити во длабок сад па во нив додадете го шеќерот во прав, путерот исечен на коцки и половина од сокот од јаболка. Промешајте со лажица. Потоа додадете го преостанатиот сок па продолжете со месење со рака додека добиете хомогена смеса.
Во модла или калап за тарт (24 см.), претходно намрсен и обложен со хартија за печење, распоредете ја смесата од бисквити во тенок слој со нежно притискање. Ставете ја во ладилник, да се лади 15 - 20 минути.
Боровинките и капините ставете ги во блендер или кујнски сечко и изблендирајте. Потоа во нив додадете го крем сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила. Повторно блендирајте додека добиете мазна смеса. Префрлете го добиеното пире во сад за матење.
Слатката павлака изматете ја и ставете ја во ладилник.
Желатинот подгответе го според упатството на пакувањето, па додадете го во пирето од боровинки и капини и нежно промешајте со жица за матење.
Потоа во садот додадете ја изматената павлака и продолжете со мешање додека состојките се соединат. Добиената смеса истурете ја врз изладената подлога од бисквити па ставете го тартот во ладилник да се лади најмалку 4 часа.